Масовно изумирање на жаби поради климатските промени

150
ФОТО: Пикселс / Бесплатна фото

Болест што ја предизвикува ранавирусот е причина за масовно изумирање на жаби во Обединетото Кралство, јавија локалните медиуми.

Испитувајќи живи жаби и користејќи податоци од Met Офис и Проектот за смртност на жаби на Фроглајф, истражувачите откриле дека растечките температури во последните децении всушност одговараат на историските трендови на масовна смртност поврзана со болеста, пренесува ФЕНА.

Имено, во периоди кога температурата достигнува 16 степени Целзиусови, се зголемува ризикот од појава на ранавирусна болест кај обичните жаби. Тоа значи дека ако температурите продолжат да се зголемуваат поради климатските промени, таквата масовна смртност може да биде уште почеста.

Она што загрижува е што се предвидува во Велика Британија просечните месечни температури да достигнуваат 16 степени Целзиусови во повеќе области и на подолг период, што би можело да значи дека болеста може да продолжи да се шири во следните 50 години, пишува „Тех Тајмс“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...