Осумнаесетгодишно момче од Тетово загина во сообраќајна несреќа вчера околу 22, 30 часот на крстосниците на улиците 160 и 161 во близина на тетовската касарна.
Сообраќајната несреќа се случила помеѓу патничко возило „Рено“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Б.Ш.(20) од Тетово и патничко возило „Ауди“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од В.З.(18) од Тетово.
На местото на несреќата животот го загубил Ш.Љ.(18) од Тетово, сопатник во возилото „Ауди“, додека, пак, со тешки телесни повреди се здобил вториот сопатник во истото возило, Е.М. од Тетово. Поради сериозноста на повредите тој е пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Увид на местото направиле јавен обвинител и екипа на СВР Тетово по што дополнително треба да се утврдат причините.