Претставниците на Еуросонг 2019 вчера се појавија на свеченото отварање на 64. издание на овој музички настан во Тел Авив.
Тамара Тодевска која ја претставува Македонија на овогодинашната Еуросонг, заедно со својот тим, прошета по портокаловиот тепих.
Тамара облечена во црно здолниште и палто дизајнирано од Александар Ношпал, и со очила за сонце, изгледаше мошне гламурозно.
Целиот тим, на чело со нашата претставничка, оставија впечаток, со својот атрактивен излед – интересни фустани, фризури и драматична шминка.
Тамара на нејзиниот Инстаграм објави селфи од неа и дел од тимот.
FOTO: Instagram/Printskrin
FOTO: Printskrin/Eurovision