Катругалос во име на официјална Атина на Пендаровски му посака среќно претседателствување

525

Желби на грчкиот државен врв за успешно вршење на должностите во новата, позитивна клима создадена со Договорот од Преспа му пренел министерот за надворешни работи на Грција на новиот претседател, Стево Пендаровски, како што самиот Јоргос Катругалос објави на неговиот Твитер-профил, јави дописничката на МИА од Атина.

„На новиот Претседател на Северна Македонија, на господинот Пендаровски, му ги пренесов желбите на државното и политичкото раководство на нашата земја за успешно вршење на неговите должности во новата, позитивна клима создадена со Договорот од Преспа“, напиша Катругалос на Твитер и објави фотографија со претседателот Пендаровски. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...