Иванов се испрати со семејна фотографија: Функциите доаѓаат и проаѓаат, човечноста останува

1774

Досегашниот претседател Ѓорге Иванов кој попладнево во вилата „Водно“ му ја примопредава функцијата на неговиот наследник Стево Пендаровски, објави статус на својот официјален фејсбук профил.

„Со огромна чест, задоволство и одговорност ја извршував функцијата Претседател на Република Македонија во изминативе десет години. Од се срце му благодариме на македонскиот народ и на македонските граѓани за сета укажана доверба и поддршка. Останете во добро здравје и не заборавајте дека само сплотени, обединети и со меѓусебна почит ќе имаме просперитетна и успешна Македонија“, пишува Иванов.

Фотографиран заедно со своето семејство, Иванов порачува и дека функциите доаѓаат и проаѓаат, но човечноста останува.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...