Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антониот Милошоски веднаш по свечената седница за инаугурација на новиот претседател, Стево Пендаровски, рече дека тој има политичка хипотека.
– За оние што гласаа за него, пред се мислам на политичките партии кои го одржаа ќе бараат возврат за услугата. Сигурен сум дека ќе има политички фактури кои ќе треба да се наплатат. Во секој случај му пожелувам успешен мандат – изјави Антонијо Милошоски .
Тој вели дека сега СДСМ и ДУИ имаат апсолутна одговорност пред граѓаните, бидејќи добија апсолутна власт и порача дека на граѓаните ќе мора да им ги испорачаат она што го ветуваа – живот за сите во Македонија.
Во однос на политичките кредити коишто ќе треба да ги враќа СДСМ, Милошоски даде период од седум – осум месеци, кога јавноста, според него, ќе биде сведок на „враќањето на високите кредити кон одредени политички партии”.
Отсуството на премиерот Зоран Заев од инаугурацијата, Милошоски го оцени како чуден и невообичаен сигнал.