Следете ја ВО ЖИВО собраниската седница за инаугурација на Стево Пендаровски за претседател на Република Северна Македонија.
На инаугурацијата на Пендаровски присуствуваат министрите во Владата, началникот на ГШ на АРМ, гувернерката на Народна банка, поглаварите на верските заедници, претставници на судскста власт, на МАНУ, како и гостите, бугарскиот претседател Румен Радев, српскиот претседател Александар Вучиќ, албанскиот претседател Илир Мета и косовскиот претседател Хашим Тачи, министерот за надворешни работи на Црна Гора Срѓан Дармановиќ, грчкиот министер за надворешни работи Георгиос Катроугалос, заменик министерот за надворешни работи на Полска Мациеј Ланг, турскиот заменик министер за надворешни работи Фарук Кајмакчи и висок претставник на кабинетот на претседателот на Словенија Борут Пахор.
Освен синот и сопругата на Пендаровски, на инаугурацијата се присутни веќе последниот претседател Ѓорѓи Иванов и поранешниот претседател Бранко Црвенковски, како и сопругата на покојниот претседател Борис Трајковски, Вилма Трајковска.
Со давањето на свечената изјава пред Собранието, 56-годишниот Пендаровски и официјално стана петти претседател на државата.