Ужасна трагедија, младоженец од Требиње загинал на денот на својата венчавка

Несреќниот младоженец загинал на кружниот тек кој со новата обиколница е изграден пред само еден месе, па соседите велат дека можеби погрешно свртел.

1318

Во тешка сообраќајна несреќа која синоќа се случила во населбата Мокри Долови загинал 32-годишниот М. А. од Требиње додека ги возел гостите по свадбата, пишува „Курир.рс“.

Две лица се потешко, а две полесно повредени во несреќата. Од полицијата во Требиње е потврдено дека сообраќајната несреќа се случила 40 минути по полноќ, кога автомобилот во кој бил несреќниот младоженец, од засега непознати причини, излетал од патот.

Како што „Курир.рс“ неофицијално дознава, несреќниот младоженец загинал на кружниот тек кој со новата обиколница е изграден пред само еден месец, па соседите велат дека можеби погрешно свртел.

Според информациите, младоженецот живеел и работел во Белград, а во родниот крај дошол за да се ожени.

„Српскаинфо“ неофицијално дознава, животот го изгубил М. А. (32), кој живее и работи во Белград, а во родниот крај дошол да се ожени. Тој ги возел гостите од својата венчавка и во населбата Мокри Долови излетал од патот, потоа удрил во ѕид и загинал.

Девојката која е повредена во оваа несреќа има повреди на градниот кош и е задржана на лекување, додека еден од повредените мажи се здобил со фрактура на колкот.

ФОТО: Аваз.ба/Принтскрин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...