Пилот се онесвестил и 40 минути ѝ го препуштил авионот на судбината

Истрагата утврдила дека пилотот не спиел доволно ноќта пред летот и дека само јадел чоколада, испил енергетски пијалак и малку вода.

777

Пилот во Австралија го вклучил автопилотот во текот на летот и набрзо се онесвестил. Во таква состојба авионот летал цели 40 минути. Дека нешто сомнително се случува забележала контролата за летање, бидејќи немало никаков повик од неговата радиостаница.

Истрагата која ја спровело австралиското Биро за безбедност во авиосообраќајот (АТСБ), утврдила дека пилотот не спиел доволно ноќта пред летот и дека само јадел чоколада, испил енергетски пијалак и малку вода.

Пилотот летал од аеродромот Порт Аугуста во Јужна Австралија до Парафилд надвор од Аделаида, кога инцидентот се случил. Додека летал на 5.500 метри височина, добил главоболка и го вклучил автопилотот.

„Набрзо потоа, пилотот се онесвестил“, се наведува во извештајот, и се додава дека без свест останал цели 40 минути.

Контролата за летање повеќепати се обидувала да го контактира пилотот, но безуспешно, велат од АТСБ. Друг авион во близина тогаш го здогледал авионот, кој летал над водите југозападно од Аделаида и пријавил дека нешто се случува.
Авионот со кој „управувал“ онесвестениот пилот, кој потоа се освестил, се вратил во Парафилд под придружба на другиот авион.

„Пилотот изјави дека ноќта пред летањето страдал од несоница и дека закрепнувал од блага настинка. На денот на летот, пилотот не појадувал пред заминувањето од Парафилд во Порт Аугуста“, се наведува во извештајот.

Во текот на летот, пилотот само консумирал енергетски пијалак, малку вода и чоколада.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...