Тимоние: За секое дрво ќе судиме според плодот што ќе го даде

177

Свесни сме дека беше спроведена голема работа, постојат законодавни промени, отворање на нови институции и слично. Но, знаете како велат: за секое дрво ќе судиме според овошјето што тоа ќе го даде, вели францускиот амбасадор Кристијан Тимоние во неделното интервју на Радио Слободна Европа, во врска со можност земјава да добие датум за преговори со ЕУ

– Најпрво ќе ви кажам дека Франција му честита на новоизбраниот претседател којшто беше избран според најдобрите меѓународни критериуми и навистина станува збор за напредок во демократијата во оваа земја, затоа што тоа е дел од низа на избори коишто беа потврдени од страна на меѓународните организации како добри и навистина ова е среќна околност за претседателот и навистина му посакуваме како шеф на државата да ја води својата земја кон просперитетна иднина и мир – изјави Тимоние.

На прашањето дали Македонија е подготвена за датум за преговори во јуни тој вели:

– Во моментот прво го очекуваме извештајот на Европската комисија, извештај кој ќе даде преглед за напредокот на реформите, особено за области кои се однесуваат на владеењето на правото, тоа е навистина простор каде што ЕУ и членките бараат напредок уште од минатото лето. Потоа ќе направиме сите заедно проценка за реалната состојба во однос на тој напредок – кажа Тимоние.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...