Комитетот за заштита на правата бара нови судења за „нарачаните“ судски одлуки

312

Комитетот за заштита на правата како асоцијација на здруженија и засегнати граѓани бара судските одлуки кои се донесени спротивно на владеењето на правото, со нарачана, неправилна примена на правото и со селективна, пристрасна и неточна оценка на доказите, да се повторат, односно да се создадат услови за повторно фер судење, соопшти Комитетот.

– Особено таму каде што е грубо е прекршена презумцијата на невиност,  каде што се користени лажни заштитни сведоци и злоупотребен е институтот спогодба, каде што се злоупотребени посебните истражни мерки и постојат незаконски прислушувани материјали кои ја потврдуваат политичката мотивираност и постои злоупотреба на АКМИС-системот за распределба на предметите – велат од Комитетот за заштита на правата.

Според Комитетот, „спрегите меѓу извршната власт и судството беа разобличени со објавувањето на т.н. „бомби“. Преку нив се слушна како владини функционери по телефон диктирале судски пресуди, а судиите ги извршувале нивните нарачки. Потоа, на сличен начин се бирале и напредувале судии, а неподобните се разрешувале. Се местеле предмети кај „свои“ судии, а се давале насоки како да се водат обвинителски истраги. Карактеристика на монтираните случаи е дека пресудите се донесени уште пред да започне судењето, во полициско-партиските кабинети. Мотивот за „монтировките“ е создавање услови за непречен криминал на режимот“.

Комитетот бара од Владата да донесе подзаконски механизам на мерки и работно тело што ќе ја следи нивната примена.

„Со мерките, со цел почитување на слободите и правата на граѓаните учесници во постапките, да се овозможи, согласно со постојната регулатива, пристап до документи, факти и докази во органите на државната управа, кои можат да им послужат при користењето на вонредните правни лекови. Комитетот и засегнатите граѓани очекуваат навремено и непристрасно постапување на сите судски субјекти и на обвинителството при барањата за повторување на постапките, мислењата во однос на овие барања и заштитата на законитоста“, се вели во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...