Убиството на познатиот телевизиски режисер и продуцент Бери Крејн (57) пред 34 години конечно е решено.
Осомничениот, Едвард Хит (52) од Северна Каролина, е уапсен благодарение на повторното тестирање на ДНК – доказите, објави полицијата во Лос Анџелес. Хит кој е од Северна Каролина обвинет е за убивство на режисерот и светски познат играч на бриџ, кое било нерешено од 1985 година.
Крејн бил пронајден во гаражата во својата куќа на 5 јули 1985 година обвиткан во чаршаф со телефонска жица обвиткана околу вратот. Обдукцијата покажала дека насмрт бил удиран со голема керамичка статуа.
До апсење дошло по повеќе од три децении од злосторството и мистеријата околу убиството на Крејн, познат по многу популарни телевизиски серии од 60-тите, 70-тите и 80-тите од минатиот век, меѓу кои се хитовите „Далас“, „Невозможна мисија“, „Хаваи 5-О“ „Волшебник“…
Осомничениот Едвард Хит истражителите го привеле во март, а тој во текот на испитувањето го признал убиството на Бери Крејн. Полицијата дошла до Хит откако бил пронајден негов отисок на прстот во автомобилот на Крејн кој бил украден од неговата куќа по убиството.
Агентите на ФБИ успеале да земат примерок од неговата ДНК од шолјата за кафе и отпушокот кои ги оставил во механичарската продавница каде што работел.
На Едвард Хит му се заканува доживотна казна затвор.
ФОТО: Скриншот/Јутјуб