Набрзо откако Меган Маркл и принцот Хари го добија првото дете, синот Арчи, одредени прашања почнаа да се вртат по медиумите и во главите на обожавателите ширум светот, атоа се дали новиот член на кралското семејство може да стане крал на Англија, но и претседател на САД, со оглед на тоа што неговата мајка е американски државјанин.
Во понеделникот, 6 мај, рано наутро кралското семејство објави дека Меган почнала да се пораѓа, а набрзо потоа на свет пристигна Арчи Харисон.
По честитките и зборовите со поддршка од целиот свет, луѓето почна да ги мачи едно прашање: дали Арчи Харисон Маунбатен-Виндзор може да се кандидира за претседател на САД?
И покрај тоа што многумина тврдат дека само оние кои се родени на американско тло можат да се кандидраат за претседател на САД, сега се известува дека е можно и малиот Арчи да се кандидира во иднина – правејќи го првата личност која ќе има право да биде и претседател и крал на Англија.
Како што пренесуваат американските медиуми, кралското бебе може да биде претседател ако има двојно државјанство. Иако Меган Маркл и принцот Хари сѐ уште не ги спомнуваат плановите во врска со ова, момчето сигурно има право на тоа.
Малиот Арчи е автоматски британски државјанин, бидејќи е роден во Велика Британија, а и татко му е британски државјанин, но исто така, ќе добие и американско државјанство врз основа на статусот на мајка му Меган како американски државјанин.
Тоа, меѓутоа, ќе се случи само ако раѓањето на Арчи Харисон е службено пријавено во американскиот конзулат од страна на неговите родители, после што тој може да добие американско државјанство.
И покрај тоа што има право да биде и претседател на САД и крал на Англија, малку е веројатно дека Арчи ќе биде што било од овие две.
Синот на Меган Маркл и принцот Хари е седми во ред да го наследи британскиот престол, по дедо му принцот Чарлс, чичко му принцот Вилијам и неговите три деца, и по својот татко – принцот Хари.
Од друга страна, кандидат за претседател на САД мора да исполнува одредени услови, а некои од нив се дека мора да живее во САД најмалку 14 години, како и да има повеќе од 35 години.
Меѓутоа, „Унилад“ пренесува дека за 35 години е можно да го видиме Арчи како кандидат за претседател на САД, истакнувајќи дека тој, иако е сеуште бебе, е далеку подобар од моменталниот претседател Доналд Трамп.
Медиумот истакнува дека, иако звучи чудно, малиот има повеќе шанси да биде претседател на САД отколку да стане крал на Британија. Единствено ако Чалрс, Вилијам, Џорџ, Шарлот, Луј и Хари одлучат да се повлечат и да го остават да владее.
Како и да е, бебето Арчи веќе внесе големи промени во кралското семејство и веќе е запишано во историјата како прво бебе во Британското кралско семејство со афроамериканско потекло.