Мишел Обама објави фотографија од Јадранот и собра милион и пол „лајкови“ ФОТО

Мишел посветила емотивен пост за својата мајка и ќерките и напишала колку е среќна што со своите девојчиња го обиколила речиси целиот свет.

1472

Поранешната прва дама на САД, Мишел Обама, на својот Инстаграм-профил објави фотографија снимена во Венеција од едно патување на кое била со ќерките Саша и Малија.

Во пресрет на Денот на мајките, Мишел посветила емотивен пост за својата мајка и ќерките и напишала колку е среќна што со своите девојчиња го обиколила речиси целиот свет.

Фотографијата на поранешната прва дама со ќерките доби повеќе од милион и пол „лајкови“, што сведочи дека популарноста на сопругата на Барак Обама не е опадната ни две години откако ја напуштија Белата куќа.

Мишел Обама во моментот е една одн најтиражните писателки на светот, а нејзината книга „Becoming“ ги урива сите рекорди во читаност.

Во едно интервју по објавувањето на книгата изјавила дека лесно се адаптирала на животот надвор од Белата куќа, како и дека многу ѝ годело да ја пишува книгата за својот живот. Рекла дека нема намера да се кандидира за претседателка на Америка, иако обожавателите на семејството Обама тоа силно го посакуваат.

 

FOTO: Instagram/Printskrin

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...