Самсоненко останува во Вардар?

1131

Рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко ќе остане мнозински сопственик на РК Вардар и ќе продолжи да биде како инвеститор во тимот. Прв човек ќе биде Михајло Михајловски, а во финансирањето, Русинот ќе има голема помош од домашни компании, кои како акционери веќе го потврдиле своето учество во клубот, пишува Гол.мк.

Ракометниот клуб Вардар и понатаму ќе стои на здрави нозе, затоа што договорена е соработка на повеќе компании и бизнисмени, кои во иднина ќе бидат дел од македонскиот ракометен бренд кој беше европски првак.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...