Шекеринска очекува Пендаровски да ги поништи указите на Иванов за АРМ

457

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска е убедена дека новиот претседател Стево Пендаровски ќе ги поништи указите со кои неговиот претходник Ѓорге Иванов изврши промени АРМ.

Иванов, инаку, го унапреди началникот на Генераштабот на АРМ, Васко Ѓурчиновски, изврши смена на три командни генералски места во АРМ и изврши упатувања на воени претставници во странство, а за кои Аниткорупциска донесе одлука дека се незаконски.

– Сегашниот претседател ги има сите ингеренции што има еден претседателот во полн капацитет особено во делот на поставувањата тоа ќе биде одлука која ќе ја носи Пендаровски – рече Шекеринска.

Таа информираше дека Антикорупциска вчера од Министерството ги побарало дополнителни документите со кои се извршиле решенијата на Иванов, кои како што информираше таа ќе им бидат доставени в понеделник.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...