Премиерот Зоран Заев на денешната средба го охрабрил директорот на Агенцијата за млади и спорт (АМС) Дарко Каевски целосно да го расветли случајот околу печатењето на збирката „Млади поети“.
Заев на средбата порачал да се побара одговорност од сите учесници, но и да се спроведат јасни пртоколи за никогаш повеќе, како што рекол, да не се повтори грешката.
Како што информира владината прес-служба, на состанокот повторно е осуден говорот на омраза и дискриминација кој е идентификуван во еден дел од содржината на збирката.
– За Владата на РМ, Македонија е отворено, слободно, едно општество за сите во кое нема место за таков тип недолична комуникација, велат од прес-службата.
Каевски пред премиерот ги презентирал првичните наоди од внатрешната анализа за печатењето на „Млади поети“.