Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски на својот профил на Фејсбук напиша дека откако поднел демант со конкретни докази, Антикорупциската комисија ќе ја прекине постапката што ја покрена како одговор на пријавата од ВМРО-ДПМНЕ со, како што наведува, лажни и нецелосни податоци.
„Членовите на ДКСК беа избрани на транспарентен начин, согласно професионални критериуми, а тоа го потврдуваат со својата работа. Ги повикувам ВМРО-ДПМНЕ, следен пат кога ќе одлучат да ме обвинуваат, тоа да го прават со докази, а не со шпекулации и невистини“, вели Манчевски.
Постапката против Дамјан Манчевски беше околу сомнежи во врска со грчки фирми, по објавувањето на прислушуван разговор.