Исчезнатата жена од Пршовце се вратила дома

332

Четириест и осум годишната Џемиле Хасани од тетовско Пршовце се вратила дома три дена откако во полицијата беше пријавено нејзиното исчезнување.

Братот на жената пријавил во СВР Тетово дека Џемиле е дома и нема потреба да се води како изчезната. Таа од дома излегла во понеделникот а во семејната куќа во тетовско Пршовце се вратила во четвртокот околу 11 часот.

СВР Тетово не соопшти детали каде била во текот на трите дена жената за која семејството бараше помош за пронаоѓање со оглед на нејзиното нарушено здравје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...