Инстаграм ќе блокира антиваксерски хаштагови

158

Инстаграм соопшти дека ќе блокира хаштагови кои се употребуваат за ширење на „потврдено неточни“ информации поврзани во вакцини.

Веќе се блокирани хаштаговите, кои сами по себе се неточни тврдења како #vaccinescauseautism (вакцините предизвикуваат аутизам). Компанијата соопшти дека сега ќе блокира уште хаштагови, кои таканаречените антиваксери ги употребуваат за ширење лаги. Сепак, неколку антиваксерски теми и профили, кои шират дезинформации и лаги, остануваат активни на Инстаграм.

Претставници на платформата за Би-Би-Си изјавија дека нема да преземат акции против луѓе и профили кои се самоопределуваат како антиваксери. Но, се стремат да ограничат ширење на лажни тврдења, затоа што тие имаат опасни последици во реалниот свет и во општеството.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...