Разврската во Премиер Лигата се приближува со дуелите од последното коло. Во недела, Манчестер Сити гостува на Брајтон и при победа ќе ја одбрани шампионската титула без разлика од исходот на натпреварот на конкурентот Ливерпул против Вулверхемптон. При кикс на „небесносините“ сепак – реми или пораз, Ливерпул ќе бидат први, доколку запишат домашен триумф против „волците“.
Брајтон се спаси од испаѓање и во последниот натпревар на теренот не игра за ништо. Но, Пеп не смета дека ќе биде лесно против крајбрежниот тим.
– Би било добро да постигнеме први гол. Веќе ја анализиравме играта на противникот и знаеме дека тој се брани многу добро. Ако домаќините играат со најдобрите фудбалери и решат да се обложат на прекините и контранапад, тие можат да бидат опасни и можеби дури и ќе напаѓаат повеќе од нормалното. Се може да се случи и еден наш гаф, еден исклучителен потег на противникот или една грешка на судијата, можат да го решат спорот за трофејот. Затоа треба да бидеме совршени во секој поглед – изјави шпанскиот стратег.
Добрата вест за него е дека Кевин де Бруин изгледа добро по последната повреда и би требало да биде на располагање.
– Тој тренираше добро во последните два дена и можеби ќе земе учество во натпреварот. Фернандињо нема да игра. За него оваа средба сѐ уште доаѓа премногу рано. Можеби ќе биде достапен во финалето на англискиот куп … ќе видиме – додаде Каталонецот.