Прилепската полиција поднесе кривична пријава против Р.А.(19), С.А.(36), С.А.(41) и С.А.(18), сите од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело насилство.
Тие завчера околу 17 часот, во Прилеп на место викано „Три багреми“, под дејство на алкохол дошле пред куќата на Ф.С.(23) и започнале вербална расправија со него по што со нож, дрва и секири ги нападнале оштетениот, неговиот татко, неговата мајка и двете сестри нанесувајќи им повреди.
Од страна на судија на претходна постапка на пријавените им е одредена мерка притвор во траење од по 30 дена.