Беровската полиција поднесе кривична пријава против Ј.К.(19) од Берово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело производство и дистрибуција на детска порнографија, соопшти МВР.
Од 20 до 27.март, 16-годишна малолетничка на својот инстаграм профил во два наврати примила видео снимка, фотографија и текст со непристојна содржина испратени од профил на пријавениот.