За обвинителите и статусот на СЈО ќе се договорат, но за истрагите и доказите тешко

Единствени поместувања по последните две средби, денешната и во средата, се чини има околу статусот на СЈО и околу кадарот кој ќе работи. Дескоска, во средата изјави дека веќе се искристализирано дека СЈО ќе биде посебно обвинителство, но оти нема конечен договор кој лесно ќе се постигне кога ќе се договорат за судбината на спортните истраги. Денеска, Милошоски, пак, наговести приближување за кадарот кој ќе работи во СЈО.

744

За предметите на СЈО отворени по истекот на рокот од 18 месеци, кои се главна пречка во преговорите за Законот за јавно обвинителство меѓу власта и ВМРО-ДПМНЕ, опозицијата смета дека треба да се произнесе Венецијанската комисија. Власта, пак, посочува дека инсистирањето во овој момент да се испрати Законот до ова меѓународно тело е само со цел да се одолговлекува процесот.

Ваков е заклучокот кој може да се извади по изјавите на пратеникот Антонио Милошоски и министерката за правда Рената Дескоска, дадени по денешната рунда преговори, која заврши без посебен напредок.

– За предметите отворени по рокот од 18 месеци нудиме Венецијанската комисија да се произнесе по принципите кои се инкорпорирани во предлог-законот усвоен од СДСМ и ДУИ – вели Милошоски кој смета и дека Катица Јанева мора да сноси одговорност.

Тој вели дека секој обвинител па и тие на СЈО мора да одговораат ако преземале постапки кои значат неовластено дејствување надвор од законските норми.

– Но, со власта тука имаме најголеми разидување. Ние немаме намера да се согласиме на решение кое ќе значи амнетија за незаконските дејствија на претставниците на СЈО. Се надевам дека ако владејачкото мнозинство цени дека овој закон е битен за државата и за европската интеграција ќе најде начин ако не му верува на ВМРО-ДПМНЕ, да ја консултира Венецијанската комисија и да добие потврда што се европски стандарди,а што политички интервенции во овој закон – рече Милошоски.

Дескоска, пак, рече дека се спремни да го испратат Законот веднаш штом ќе се донесе.

– Венецијанската комисија се користи како причина или повод за одолговлекување на носењето на законот. Ако има волја и желба за носење на законот, ние сме спремни веднаш уште истиот ден со носење, законот да се испрати до Венецијанската комисија со обврска било каков коментар, забелешка или укажвање од комисијата да биде веднаш имплементиран – рече министерката.

Единствени поместувања по последните две средби, денешната и во средата, се чини има околу статусот на СЈО и околу кадарот кој ќе работи во него. Дескоска, во средата изјави дека веќе се искристализирано дека СЈО ќе биде посебно обвинителство, но оти нема конечен договор кој лесно ќе се постигне кога ќе се договорат за судбината на спортните истраги.

Денеска, Милошоски, пак, наговести приближување за кадарот кој ќе работи во СЈО.

– Од разговорите кои ги имаме, за разлика од претходно, во овие последни средби нема инсистирање за фиксни кадровски решенија односно препознаваме сигнали дека се спремни за други кадровски решенија кои би биле дел од СЈО инкорпорирано во одделение на државното обвинителство – изјави пратеникот.

Министерката рече дека изборот на обвинители не се разговара во работна група, туку тоа е надлежност на Советот на јавни обвинители и оти конкретно Катица Јанева денеска не била тема на разговор.

Оценката на Дескоска дека „немало посебен напредок“, наговестува и дека власта спасот може ќе го бара без ВМРО-ДПМНЕ бидејќи роковите газат.

– Знаете дека имавме средби и со другите пратеници. Првичната цел е да се обедиме да направиме консензус заедно со опозицијата. Така што ќе се обидуваме на тој пат, а ако роковите навистина дојдат критични, а немаме напредок во разговорите, тогаш ќе размислуваме за другите опции. За роковите најдобро ќе можат да ве информираат од Секретаријатот за европски прашања зошто токму денеска разговараат околу затворање на извештајот и очекуваме од нив повратни информации – изјави Дескоска.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...