ЕКСКЛУЗИВНО Погледнете како изгледа автопатот Демир Капија – Смоквица ГАЛЕРИЈА

13544

Наскоро ќе биде пуштена во употеба автопатотската делница Демир Капија – Смоквица.

Лани, Владата потпиша анекс на договорот за изградба на оваа делница долга 28 километри. Инвестицијата во автопатот во должина од 28 километри изнесува 218 милиони евра.

Автопатот почна да се гради во септември 2012 година . Со автопатот Демир Капија – Смоквица се заокружува со целосно автопатско решение Коридорот 10, односно автопатот со сега веќе новото име „Пријателство“ на територијата на Македонија.

Автопатот го гради компанијата „Актор“, со врвна изградба и технологија.

 

Оваа инфраструктурна артерија нашата земја ја поврзува на север со Европа и на југ со Солунското пристаниште, а дури 70 отсто од увозот и извозот се одвиваат по неа.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...