Уапсена членка на „Пуси рајот“ поради користење дрога, ѝ се заканува затвор ФОТО

336
FOTO AP Pavel Golovkin

Московската полиција уапсила членка на руската група „Пуси рајот“, Вероника Никулшин поради обвинение за користење дрога, рекол руски службеник за агенцијата „Интерфакс“.

Како што пренесува АП, московската полиција ја уапсила Никулшин вторпат за еден месец, а таа претходно била во затвор поради протести со членови од групата „Пуси рајот“, за време на Светското првенство во фудбал минатата година.

Пјотр Верлизов, еден од членовите на бендот, објавил на Твитер дека московската полиција во средата, покрај Никулшин, уапсила уште шест нејзини пријатели кои немаат повразност со групата „Руси рајот“.

Член на руската јавна комисија за мониторнинг, Евгениј Јаникиев, за Интерфакс изјавил дека ако се испостави дека е виновна за обвинението за користење дрога, на Никулшин ѝ се заканува затворска казна од 15 дена.

FOTO: AP Pavel Golovkin

FOTO: Tviter/Printskrin

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...