Министерството за внатрешни работи објави фотографија од лице кое го бара за нападот на пратеникот Горан Милевски.
„Во врска со кривично – правниот настан од 25.03.2018 година случен на плоштад ,,Македонија,, при што физички беше нападнат Г.М – пратеник во Собранието на Република Македонија, по извршена консултација со Јавен обвинител, а врз основ на член 561 став 1 и член 563 став 2 од Законот за кривична постапка на Република Македонија, се врши јавна објава на фотографија за едно лице кое што е важно за постапката“, соопшти од МВР.
Министерството ги повикува сите граѓани кои имаат било какви сознанија за лицето, веднаш да известат во најблиската полициска станица, да пријават на телефонскиот број 192, да ја употребат апликацијата ,,Пријави сомнително лице,, на официјалниот сајт на МВР или да пријават во Јавно обвинителство.