Вардар се пласираше во финалето на Купот на Македонија +

95

Ракометарките на ЖРК Вардар ја совладаа екипата на ЖРК Стружанка со 27:18 (16:12) во првиот полуфинален натпревар на Купот на Македонија, што денеска попладне се одигра во спортската сала во Куманово.

Најефикасни во победничката екипа беа Ангела Костовиќ со 7 и Мирјана Петковска со 5 голови, додека пак кај екипата на Стружанка, Теодора Маркоска постигна 7.

Противник на вардарки ќе им биде подобриот од вечерашниот втор полуфинален натпревар помеѓу екипите на домаќинот ЖРК Куманово и ЖРК Металург од Скопје

Финалето на програмата е во сабота со почеток во 16 часот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...