По вчерашната изјава на обвинителката Вилма Русковска дека Интерпол одбива да ја објави меѓународната потерница за поранешниот премиер Никола Груевски, од таму за телевизија Алсат-М изјавиле:
„Дали или кога полицијата во која било од 194-те земји-членки на Интерпол споделува информација со Генералниот секретаријат во Лион поврзана со истраги или индивидуи, тогаш оваа информација останува во сопственост на таа земја-членка. Па така, Интерпол не коментира за конкретни случаи или индивидуи, освен во посебни околности и со одобрение на засегнатата земја-членка. Во однос на вашето барање, би ве советувале да ги контактирате соодветните домашни власти.“
Според Русоска, централата на Интерпол во Лион не ја објавува потерницата без да образложи зошто. На објавување на потерницата за Груевски, кој доби политички азил во Унгарија, нашите обвинители чекаат повеќе од два месеци.