Двајца нападнале доктор во кичевската болница

368
Две лица нападнале доктор на Интерното одделение во кичевската болница. Напаѓачите се повикани во полициска станица и против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
– Вчера околу 13 часот, на Интерното одделение во Општата болница во Кичево, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од Л.Љ.( 24) и А.Љ.(21), врз А.С.(35)-вработен доктор во болницата. Двајцата напаѓачи се повикани во полициската станица и против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, вели Стефан Димоски портпарол на СВР-Охрид.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...