На први мај се испотепале во Дојран, сега седумина се под истрага обид за убиство

330

Велешкото обвинителство отвори истрага против седум лица од Струмица, на возраст од 19 до 25 години, за обид за убиство на 24-годишно момче при тепачка пред хотел во Стар Дојран. Еден од нив е осомничен за обид за убиство, еден како поттикнувач, а другите како помагачи.

На први мај, прво настанала расправија помеѓу двајца од осомничените кои биле пијани и двајца вработени во хотело, а потоа почнала и тепачка.

„На вработените во хотелот им се придружило уште едно лице, додека двајцата сега осомничени повикале уште пет други лица да дојдат во хотелот, бидејќи имаат проблем. Во еден момент сите осомничени го заобиколиле оштетениот кој им помагал на вработените во хотелот. Додека оштетениот му бил завртен со грб, еден од осомничените со нож му нанел две убодни рани во пределот на горната десна страна од грбот и една убодна рана во средината на градниот кош. Од извршената анализа на алкохол во крвта е констатирано дека осомничениот во тој момент бил во алкохолизирана состојба во која самиот се довел со количина од 1,69 промили алкохол во крвта“, покажуваат доказите на обвинителството.

За главниот осомничен е побаран притвор, додека за останатите мерки на претпазливост.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...