Откажал мотор на брод со 250 патници кој пловел за Сплит, во тек акцијата за спасување ВИДЕО

Многу нè ниша, јас се напив таблета против мачнина - изјавила една оа патничките.

333
ФОТО: Принтскрин

Бродот „Аурелиа“ со околу 250 патници и 92 членови на екипажот кој плови на линијата Анкона-Сплит, недалеку од Жирје, се расипал. Патничкиот брод е сопственост на италијанската фирма СНАВ.

Траектот испловил синоќа околу 20.30 часот од Анкона во Италија и утринава околу седум часот требало да вплови во Сплит, но како што објавува Слободна Далмација, се расипал моторот на бродот.

Моментно, бродот се наоѓа на околу 10 наутички милји југозападно од Корнати.

– Ние сме агенција која врши работа за бродари и наша цел е тој брод да дојде во Сплит и патниците тука да се симнат – изјавиле за Индекс од сплитската канцеларија на СНАВ.

Акцијата за спасување на траектот „Аурелиа“ ја презел Центарот за трагање и спасување на море во Ријека.

Една од патниците, Јелена Бура, која се наоѓа на траектот, раскажала за Слободна Далмација дека „нема паника, дека сите патници се во салоните, а единствен проблем засега е тоа што бродот се ниша поради ветрот“.

– Многу нè ниша, јас се напив таблета против мачнина – изјавила таа.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...