Антикорупциска отвори предмети за „бугарските фирми“ на Заев и за „грчките“ на Манчевски

766

Антикорупциска комисија денеска отвори четири предмети за премиерот Зоран Заев, потоа за вицепремиерот Кочо Анѓушев, како и за министерот Дамјан Манчевски.

Како што рече претседателката на Антокорупциската комисија Билјана Ивановска предметите се отворени по претставки на ВМРО – ДПМНЕ и тоа за изградбата на трговскиот центар „Глобал“ во Струмица, потоа за „1 евро корупција“, во јавноста познат како „1 евро за црквата, едно за Вицето“ како и за продажбата на касарната во Струмица.

Потоа, по пријава на опозициската ВМРО – ДПМНЕ, отворен е предмет и за „бугарските фирми“ на Заев, како и предмет за вицепремиерот Кочо Анѓушев во кој ќе се истражува градежно земјиште дадено под закуп за изградба на хидроцентрала, а ќе се истражуваат и наводите за „ грчките фирми“ на министерот Дамјан Манчевски.

ДКСК не открива повеќе детали за овие предмети кои ги отвора по пријави од опозицијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...