Познатиот готвач Виргилио Мартинез бил запрен на аеродромот во Лос Анџелес со торба во која имало 40 пирани.
Царинските службеници го однеле во соба за испрашување, откако ги откриле замрзнатите пирани.
По пет часа, Мартинез бил пуштен заедно со рибите.
Таа ноќ, како што тој раскажал за Лос Анџелес тајмс, ги искористил пираните за правење на салата.
Мартинез е сопственик на ресторанот „Централ“ во Лима, кој во 2014 година е прогласен за најдобар во Латинска Америка.
Тој учествувал во третата сезона на „Chef’s Table“.
ФОТО: EPA / ERNESTO ARIAS