По 11 години англиско финале во ЛШ – Тотенхем и Ливерпул

153

Во фудбалската Лига на шампиони, по 11 години повторно ќе играат две екипи од Англија. Тотенхем и Ливерпул, по неверојатните пресврти во вторникот и вчеравечер, ќе се борат за европскиот трон.

Во 2008 година, во финалето кое се одржа во Москва, се сретнаа Манчестер јунајтед и Челзи. Трофејот го освои Јунајтед по подобро изведување на пенали.

Финалето на тековната сезона од Лигата на шампионите ќе се игра на 1 јуни во Мадрид, на стадионот на Атлетико, „Ванда Метрополитано“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...