Денес ќе им биде изречена пресуда на обвинетите за тероризам во Црна Гора

335
ФОТО: EPA / BORIS PEJOVIC

Специјалниот совет на Вишиот суд во Подгорица денеска ќе изрече пресуда на обвинетите за „државен удар“, меѓу кои и лидерите на опозицискиот Демократски фронт.

Судењето за обид за тероризам на денот на парламентарните избори на 16 октомври 2016 година, во подгоричкиот Виш суд почна на 6 септември 2017 година, а заврши на 28 март оваа година.

На групата руски и српски државјани, заедно со шефовите на црногорскиот опозициски Демократски фронт (ДФ), Андрија Мандиќ и Милан Кнежевиќ, ќе им биде изречена пресуда за обвинувањата дека ноќта на последните парламентарни избори во Црна Гора,  планирале упад во Собранието, апсење или ликвидација на тогашниот премиер Мило Ѓукановиќ и насилна смена на власта, со цел да се спречи влезот на  Црна Гора во НАТО. Судењето трае преку една ипол година и е прво во историјата на Црна Гора директно пренесувано на телевизија.

Сите се обвинети и за создавање криминална организација.

Кнежевиќ, како што пренесуваат подгоричке „Вијести“ очекува во случај на осудувачка пресуда да бидат уапсени уште денеска.

– Од налогодавачите за пресудата можеме да очекуваме исклучиво продолжување на пресметката со нас, што вклучува апсење на денот на изрекување на затворската казна. Во таа насока преземавме нужни мерки за самоодбрана. Подготвени сме заедно со нашите најверни луѓе да пружиме секаков вид отпор во случај на апсење – истакна Кнежевиќ.

ФОТО: EPA / BORIS PEJOVIC

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...