Тирана на нозе поради Вучиќ и Додик, демонстрантите се судрија со полицијата

1248

Движењето „Самоопределување“ за Албанија, вечерва на плоштадот „Народни херои“ протестира поради доаѓањето на српскиот претседател Александар Вучиќ и лидерот на босанските Срби, Милорад Додик во Тирана.

Во обидот да го пробијат полицискиот кордон и да продолжат кон хотелот „Шератон“ каде се сместени учесниците на состанокот на лидерите на земјите во Процесот „Брдо-Бриони“ ,дојде до судир меѓу демонстрантите и полицијата, при што, според дел од медиумите, има полесно повредени.

Учесниците во протестот ја обвинија полицијата дека „е на страна на Србите“, извкувајќи „Вучиќ и Додик надвор од Албанија“.

Полицијата ги демантира тврдењата на претставниците на Движењето „Самоопределување“ дека добиле дозвола за одржување на протестот.

Српскот претседател Вучиќ се уште не е пристигнат во Тирана, додека Додик по пристигнувањето кусо изјави дека „не го импресионирале протестите на кои се прогласува за непожелна личност во Албанија“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...