Владата денеска на седница ја усвои информацијата со која премиерот Зоран Заев на своја иницијатива, се повлекува од местото претседател на Советот за следење на имплементацијата на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор (2017-2022 година).
Владата, соопшти владината служба за информирање, утврди дека оваа функција ја презема министерката за правда Рената Дескоска.