Меган Маркл и принцот Хари денеска првпат го покажаа синот кој сè уште нема име. Синот на кралската двојка беше роден во понеделникот, а среќните родители го опишале чуството на родителство како „магично“.
Новороденчето им било претставено на мала група новинари и било обвиткано во бело ќебе, со бело капче на главата, пренесува „Ројтерс“.
Тие во одаите на Кралската плата позирале со новороденчето во прегратка, а Меган првпат се огласила и истакнала колку е вистински среќна што е мајка.
– Магично е и неверојатно. Ги имам двете најдобри момчиња на светот, вистински сум среќна. Нашиот син е многу мирен, го има најслаткиот темперамент – рекла војвотката од Сасекс, а принцот Хари низ насмевка додал:
„Само се прашувам од кого тоа го наследил“.
Меган истакнала дека тој е „нивниот сон“ и дека деновите до породувањето биле специјални и прекрасни.
FOTO: Printskrin/Instagram