Русковска: Водиме предистраги за актуелни функционери

761

Шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупциа, Вилма Русковка, денеска одговарајќи на новинарски прашања, посочи дека водат предистраги за функционери од актуелната власт.

– Водиме предистраги. Се работи за предистражни предмети и во овој момент не би можела да кажам повеќе – одговори Русковска на прашањето дали може да посочи за какви кривични дела станува збор.

Обвинителката посочи и дека уште стои на кажаното дека правото важи само за обичниот народ, не за судии и пратеници и дека во таа насока мисли токму за одредување на мерка притвор, односно за симнување на имунитет.

– Носителите на јавни функции како што се пратеници, судии и обвинители, мора секогаш построго да бидат казнувани, затоа што тие се оние кои треба да го спроведуваат законот – смета Русковска.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...