Албанија во понеделник испратила документи за бегството на Груевски

1009

Албанските органи во понеделникот испратиле документи до Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, информираше денеска шефицата на ова обвинителството, Вилма Русковска.

– Добивме некоја докуемтација ама не снимки. Таа се наоѓа кај колегата кик го води случајот. Јас ја немам прочитано, немав времњ тоа беше сега во понеделникот – изјави Русковска.

Иако подолг период се очекува обвинителството да излезе со детали и конечно да утврди кој е одговорен за бегството на бившиот премиер, периодов немаше никави официјални информации откако од обвинителството кажаа дека албанските органи не им предале снимки со образложение дека се избришани.

Снимки од граничните премини, за разлика од Албанија, предаде Црна Гора, а се разгледуваа и снимки од камерите на македонските гранични премини, како и од камерите низ Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...