Министерката за правда, Рената Дескоска, вели дека нема да се враќа во Министерството зa образование и наука откако медиумите објавија дека можно е таа повторно да се врати во стариот ресор, а Правда да ја преземе кадар на ДУИ.
– Да се враќам во образование нема, не сум Никола Тодоров да се шетам по сите ресори. Дали ќе го напуштам министерството за правда не знам. Мојот пат е одење напред, а не враќање назад. Единствено место каде можам да се вратам е на Правниот факултет – изјави Дескоска.