Во тек се разговорите за законот за јавно обвинителство

66

Во моментов во Министерството за правда се оддржува новата средба меѓу преговарачките групи на власта и на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за законот за јавно обвинителство, со кој треба да се реши идниот статус на Специјалното јавно обвинителство.

Средбата ја најави премиерот Зоран Заев, изразувајќи надеж дека ќе се постигне договор за законот за јавното обвинителство, бидејќи останаа уште малку денови до затворање на извештајот на Европската комисија.

Работните групи на власта и опозицијата досега одржаа неколку средби за законот за јавно обвинителство. Главните разлики се идниот статус и функционирање на СЈО, судбината на постапките кои веќе се почнати и употребата на доказите.

За усвојување на законот за јавно обвинителство неопходно е двотретинско мнозинство и тој е еден од условите за добивање датум за отворање на преговори со Европската Унија.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...