Претседателот на Собранието и пратениците изразија сочувство за поранешната пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ Благородна Дулиќ.
– Дозволете во мое лично име и од име на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија, да споделам изрази на сочувство до семејството, пријателите и соработниците на поранешната повеќекратна пратеничка во законодавниот дом, почитуваната Благородна Дулиќ, која замина од овој свет. Оваа тажна вест доаѓа на денот на историската посета на Папата Франциск во нашата земја и радоста е помешана со тагата, стои во соопштението.
Од таму додаваат дека пратеничката Дулиќ била исклучителен, прагматичен професионалец, одличен правник и нејзиниот придонес во законодавниот дом оставил неизбришлив траг. Ќе биде запомнета и по нејзината скромност и трудољубивост.
Нека споменот за неа остане вечен и нека почива во мир!