Палмер: Успешно спроведените избори ја носат државата во вистинскиот правец

384

Премиерот Зоран Заев во пресрет на отворањето на Генералното Собрание на ЕБОР во Сараево, БИХ оствари средба со Заменикот асистент секретар за Европа и Евро Азија во Стејт Департментот на САД, Метју Палмер, соопшти Владата.

На средбата била потенцирана одличната соработка помеѓу Република Северна Македонија и САД и Заев изразил голема благодарност за континуираната поддршка на САД за членство на нашата земја во НАТО и ЕУ. Палмер истакнал дека успешно спроведените претседателски избори ја носат државата во вистинскиот правец и ги олеснуваат заложбите за добивање на датум за преговори со ЕУ.

– Демократските, фер и кристално чисти избори потврдија дека нашата земја станува зрела демократија, а граѓаните дадоа масовна поддршка на концептот едно општество за сите. Покажавме како земја дека имаме капацитет да ги решаваме тешките прашања, а сега сме фокусирани на иднината и економскиот прогрес на земјата. Со 12 ратификации на протоколот за нашето членство во НАТО веќе се чувствуваат позитивни ефекти и охрабрување за нови инвестиции. За нас е многу важно Европската унија да ни даде датум за преговори во јуни за да го оствариме европскиот сон на многу генерации наши граѓани – рече премиерот Заев.

Палмер ја потенцирал важноста нашата земја да добие датум за преговори со ЕУ и во таа насока рече дека е оптимист посебно заради фактот што Северна Македонија покажа дека е пример во регионот со потпишувањето и реализацијата на Преспанскиот договор и со реформските процеси.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...