Запленети 19,5 тони кокаин во Украина, дрогата била скриена во пластични канти со боја

226

Украинските граничари вчера во Одеса запленија рекордна испорака на кокаин од Колумбија, а вкупното количество на запленетата дрога е 19,5 тони.

Кокаинот бил скриен во пластични канти со боја.

Планот на трговците со дрога беше лесен, да увезат кокаин помешан со лак и боја на адреса на една украинска фирма, а потоа да го изолираат во лабораторија, соопшти Украинската државна фискална служба.

Според резултатите од прелиминарната истрага, кантите од околу 30 килограми содржеле по три килограми кокаин.

Вкупната количина на запленета дрога конечно ќе биде утврдена откако ќе биде прегледан целиот товар.

Сепак, веќе сега можеме да кажеме дека станува збор за рекордна заплена, се наведува во соопштението на Фискалната служба.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...