Заев го испрати папата со реплика од теракотна икона од Виничко кале ВИДЕО

1859

Премиерот Зоран Заев го испрати папата Франциск со покана повторно да ја посети нашата земја и со подарок реплика на теракотна икона од  археолошкиот локалитет Виничко кале  На иконата е аплициран победничкиот крст на Византискиот император Велики Константин кој го легализирал Христијанството со Миланскиот Едикт од 313 година, соопшти владината прес-служба.

Заев во доцните попладневни часови на скопскиот аеродром учествуваше во свеченото испраќање на неговата светост папата Франциск кој денеска беше во еднодневна, историска посета на нашата земја.

„Папата Франциск, и бројната делегација на Католичката Црква и на Ватикан, ја завршија посетата со богата програмска содржина која вклучи средби со државниот врв на Република Северна Македонија, средба со сиромашни граѓани, со свештениците и верниците на Католичката црква во нашата земја, како и света литургија на која присуствуваа неколку илјади граѓани од земјата, од регионот и од повеќе европски држави“, се наведува во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...