Алсат-М: Заев ќе „исчисти“ 15 функционери

Најавуваната „метла“ ќе опфати потпретседател на партијата, министри, пратеници, градоначалници, директори и други функционери.

5891

Премиерот Зоран Заев направил список со повеќе од 15 имиња кои ќе бидат сменети со најавуваната „метла“, а во него има потпретседател на партијата, министри, пратеници, градоначалници, директори и други функционери, објави Алсат-М, повикувајќи се на извори на СДСМ.

Неофицијално, според телевизијата, Министерството за правда ќе се трампа со Министерството за образование, односно министерката за правда Рената Дескоска ќе се врати во Министерството за образование, а со Министерството за правда ќе раководи ДУИ.

Меѓу ресорите каде може да има промени се и Министерството за информатичко општество, за земјоделство, но и во здравство.

Според Алсат-М, промени се очекуваат и во МНР, затоа што министерот Никола Димитров бара да замине од министерската фотелја.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...