Утре преговарачките тимови на власта и опозицијата ќе одржат средба за новиот Закон за јавно обвинителство, најави премиерот Зоран Заев.
Владејачкиот тим го предводи министерката за правда, Рената Дескоска, а тој на ВМРО-ДПМНЕ, пак, адвокатот Тони Менкиновски.
– Утре ќе се одржи следната средба. Ме извести министерката за правда дека се слушнала со лидерот на преговарачкиот тим на ВМРО-ДПМНЕ и дека утре ќе има средба. Верувам дека на таа средба ќе се потврди тоа што јас и господинот Мицкоски веќе го испративме како пораки, што го сметам за напредок – рече Заев, нагласувајќи дека роковите истекуваат и треба да се фатат.