Русинот Димитриј Хлебушкин ја преживеа авионската несреќа во Русија, но станал еден од најомразените луѓе по трагедијата. Имено, преживеаните патници го обвиниле дека ја спречил брзата евакуација и притоа на многумина им го успорил бегството од авионот.
Наводно, тој седел на местото 10Ц и го напуштил авионот со својата торба, што било крајно невообичаено со оглед на тоа што авионот горел.
Хлебушкин дури им се пожалил на новинарите дека Аерофлот не сака да му ги врати парите што ги дал за карта.
– Разговарав со претставници, но не успеав. Тоа се бесчувствителни и непрофесионални луѓе – изјавил тој.
По ова тој бил масовно напаѓан на интернет, а се појавило и видео на кое тој се гледа како носи ранец додека го напушта авионот.
Според руските медиуми, само тројца патници успеале да побегнат од авионот по Хлебушкин.
– Беше мрачно и многу топло, луѓето бегаа од авионот. Имам висок крвен притисок 200/120 и имам аритмија. Не можам сега да запрам, сакам да живеам – рекол тој пред да биде префрлен во болничката кола, а го пофалил и екипажот на авионот за тоа што сигурно го напуштил авионот.
Стручњаци за авиони кажуваат дека најверојатно бројот на жртви би бил помал, доколку евакуацијата се одвивала со побрзо темпо.
– Загрижува тоа што некои патници ги изнесувале своите торби од авионот, а некои дури снимале и видео од внатрешноста – коментирал новинарот Џефи Томас.
Тој додал дека патници го губат животот бидејќи поединци ги спасуваат своите торби, па потоа излегуваат од авионот.